Македонија 18. октомври 2020. / 14:12

Бугарски член на комисијата: Георгиевски треба да им ги отвори очите на сограѓаните, а не на народот во Бугарија

Бугарски член на комисијата: Георгиевски треба да им ги отвори очите на сограѓаните, а не на народот во Бугарија

Бугарскиот професор Кирил Топалов, кој е член на мешовитата македонско-бугарска историска комисија, вели дека поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски треба да ги отвори очите на сограѓаните, а не на народот во Бугарија.

-Љубчо Георгиевски треба да се бори за каузата за која зборува, но не во Бугарија, туку во Република Северна Македонија. Во Бугарија сме свесни за историската вистина и тој нема што да ни ги отвора очите.

Поранешниот премиер најави дека ќе оди во Бугарија за да разговара со томашните власти за односите со Бугарија.