Македонија 08. декември 2020. / 19:41

Бучковски утре во посета на Софија на средби со бугарскиот државен врв

Бучковски утре во посета на Софија на средби со бугарскиот државен врв

Специјалниот пратеник на Владата за решавање на недоразбирањата со Софија, Владо Бучковски, утре ја започнува својата прва официјална посета на Бугарија.

Од бугарското МНР соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева утре ќе го прими специјалниот претставник на Република Македонија за Бугарија Владимир Бучковски.

По разговорите, Захариева и Бучковски ќе одржат прес-конференција во 13.30 часот во Министерството за надворешни работи.

Бучковски, како што јавија бугарските медиуми, за време на посетата на Софија, ќе има средби и со премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, а во четврток ќе се сретне и со претседателот Румен Радев.