Македонија 20. март 2019. / 19:21

Бучковски се жали: СЈО се служи со удбашко-сталинистики манипулации

Бучковски се жали: СЈО се служи со удбашко-сталинистики манипулации

Поранешниот премиер Владо Бучковски вели дека едвај го чека сведочењето на Слободан Богоевски кое ќе го даде пред наш суд, за да поднесе кривична пријава за давање на лажен исказ.

Нон пејпер за исплата на 7,5 милиони евра не постои. Тоа е удбашко-сталинистичка манипулација, која за жал, обвинителката на СЈО ја користи за ’подобар статус‘ на СЈО во преговорите на неговата иднина, изјави за СДК експремиерот Владо Бучковски по денешното судење за „Маџар Телеком“, на кое обвинителката на СЈО Лиле Стефанова на сведок му цитираше содржина од нон пејпер за исплата на поткуп од 7,5 милиони евра за Владата претставувана од Бучковски, за Али Ахмети и за Муса Џафери.

На тој неформален документ на крајот пишува: мај 2005 година, За страната А и „пријателите од Тетово“ – Владо Бучковски. За страната Б – Елек Страуб. Нема печат ни потписи на нон пејперот.