Македонија 09. декември 2020. / 15:01

Бучковски: Ниту јас, ниту Захариева не можеме да ја смениме заедничката историја

Бучковски: Ниту јас, ниту Захариева не можеме да ја смениме заедничката историја

На заедничката прес-конференција со шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, специјалниот владин претставник за Бугарија, Владо Бучковски изјави дека Македонија останува посветена на целосната имплементација на Договорот за добрососедство.

– Признаваме дека е нарушена довербата. Јас лично го изразувам задоволството што пријателска Република Бугарија го смета моето назначување како дополнителен напор од наша страна да ја вратиме довербата. Време е во периодот кој претстои да се фатиме за она што е сработено, отколку за празни зборови, вели специјалниот владин претставник.

Тој додаде дека заедничката историја, не може да ја сменат тој и Захариева.

– Ниту јас, ниту г-ѓа Захариева не можеме да ја смениме заедничката историја, но можеме да ја смениме работата во областа на инфраструктурата, заедничките капитални проекти, соработката во образованието, науката и културата, посилна соработка кон зближување на двата народа и тоа ќе го сториме искрено, рече Бучковски.