Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира единаесет новозаболени лица од Ковид 19, десет од Куманово, еден од Липково, соопштија надлежните од јавната здравствена установа. Еден пациент (64) починал.
Сите новозаболени потекнуваат од веќе познати кластери – информира директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.
Денеска, извршени се 49 тестирања од кои по 22 „ Мој термин“ и 27 епидемиолошки тестови.
Од почетокот на пандемијата, Ковид дијагностицирани во Куманово се 1002 пациенти, од нив во моментов активни се 294 случаи.