Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека од денеска направените 30 тестови и дополнителните 8 кои пристигнаа преку Клиниката за инфективни, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.
– Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија, информират од Министерството за здравство
Во моментов, се работат уште 22 теста. За резултатите од овие тестови ресорното министерство ќе информира во текот на утрешниот ден.