Македонија 18. ноември 2020. / 11:51

Бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 достигна 56 милиони

Бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 достигна 56 милиони

Вкупниот број на заразени со коронавирусот достигна и 56 милиони, без никаква тенденција за опаѓање или подобрување на ситуацијата пред вакцината да биде претставена.

Во моментот, вкупниот број на заразени од Ковид-19 во светот изнесува 56,016,137, додека починати се 1,345,070.

Бројот на активни случаи на светско ниво изнесува 15,642,593, од кои 1 отсто, или 100,748 се во критична состојба.

На врвот на земјите со најмногу заразени се уште е САД каде што се регистрирани вкупно 11,697,469 случаи, а по нив следуваат Индија со 8,912,907 и Бразил со 5,911,758 регистрирани случаи на коронавирусот.