Комисија за заразни болести да разгледа дали се почитува протоколот за утврдување и лекување на пациенти потврдени со Ковид-19 бидејќи непридржување на протоколот може да доведе до епидемиолошко загрозување на Општина Куманово и вработените во ЈЗУ општа болница Куманово, бара Кризниот штаб на овој град по денешниот состанок одржан во просториите на општината.
Дополнително истакнуваат дека поради новонастанатата ситуација и зголемен број на заболени од вирусот во соседната Општина Липково, ОШЗС Куманово со своите расположливи ресурси стои на располагање за помош при справување со епидемијата на ОШЗС Липково.
Се задолжува директорот на ЈЗУ општа болница Куманово да даде информација на ОШЗС Куманово со анализа за месец Мај во однос на хоспитализирани лица, број на третирани лица и излечени.
Се задолжува ЦЈЗ Куманово да даде информација на ОШЗС Куманово со анализа за месец Мај за број на позитивни случаи на територија на Општина Куманово и број на позитивни случаи на територија на Општина Липково, одделно, бидејќи бројката што се објавува во јавност е бројка што се води за Општина Куманово, а всушност истата ги претставува бројките за позитивни случаи и за Општина Липково, како и број на извршени тестирања.
Се задолжува Брза помош Куманово да достави информација за месец Мај, за колку лица има извршено транспорт и на која релација, за да ОШЗС има увид што се случува и во Општина Куманово и во Општина Ликово, по однос на транспорт на суспектни и Ковид-19 позитивни пациенти.