Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контролни тестови, со кои се потврдени претходниот резултати, соопшти Министерството за здравство.
Заклучно до 12 часот денеска во земјава се потврдени вкупно 26 лица заполени од коронавирусот.
Состојбата на сите пациенти е стабилна.
Утрово се тестирани 10 пациенти.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 186,669 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 7,468, а оздравени се 80,338.
Светската здравствена организација во последните 24 часа ширум светот регистрира вкупно 13.903 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 862 смртни случаи.
Варшава- Сите членови на полската Влада се тестирани за присуство на вирусот откако присуствувале на состанок со министерот за животна средина, кој се покажал за позитивен на тестирањето. Резултатите од тестирањето се очекуваат попладнево, јави ДПА. Во меѓувреме сите министрите работат од карантин.
Пекинг- во Кина во изминатите 24 часа бројот на заразени се зголеми за 21 лице, а дури 20 од нив се регистрирани кај лица кои допатувале од странство. Регистрирани се и 13 смртни случаи во земјата во последното деноноќие. Во Кина досега се заразени 80.881 лица, а 68.869 досега се излекувани. Кинеското Министерство за надворешни работи препорача да се одбегнува патувањето во странство, особено во високо ризичните земји.
Рим- Најголемиот број регистрирани заразени и смртни случаи надвор од Кина и натаму има во Италија – 27.980 заразени и 2.158 умрени, како и 2.749 излекувани.
Иран- Во оваа земја има вкупно 16 169 заразени и 988 смртни случаи.
Шпанија- Расте бројот на ново заразени и во Шпанија. Вкупниот број до сега е 11 178, а вкупно починати има 491.
Јужна Кореја- Бројот на заразени од коронавирусот е 8 320, има нови позитивни, а бројот на починати е 81.
Германија – Вкупниот број на заразени е 7 637, расте бројот на позитивни, а бројот на починати е 17.
Франција – Вкупниот број на заразени е 6 633 и на починати 148.
Америка – Вкупниот број на заболени е 4 743 и починати 93.
Швајцарија – Вкупен број на заболени има 2 354 и починати 21 лице
Велика Британија – Вкупен број на заболени е 1 543 и починати 55
Норвешка – Вкупен број на заболени има 1 417, починати 3 лица
Холандија- Вкупен број на заболени 1 413 и починати 24 лица.
Белгија – Вкупен број на заболени 1243 и десет починати лица
Австрија – Вкупен број 1211 заболени и три починати лица
Шведска – Вкупен број на 1 125 заболени и 7 починати лица
Москва- Во Русија вкупниот број на пријавени случаи на зараза изнесува 93, а во Москва е формиран координативен совет за борба против ширењето на коронавирусот, чиј акциски план денеска треба да биде претставен.
Белград- Во Србија од ноќеска има осум нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 65 лица.
Приштина- Жена која вчера допатувала од Лондон во Приштина е 16-от регистриран позитивен случај на коронавирус на Косово.
Загреб- Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани девет нови случаи на заразени, со што вкупниот број се зголеми на 65.
Љубљана- Кај седум мигранти кои биле фатени кај Илирска Бистрица во близина на границата со Хрватска, утврдено е присуство на коронавирус.
На овој линк се апдејтуваат сите податоци на едно место, за вкупниот број на заболени и починати од коронавирусот, за сите земји во светот.