Македонија 30. јуни 2020. / 19:26

Бројката на жртви од Ковид-19 надмина 300: Денеска починати има од Скопје, Тетово, Гостивар, Прилеп

Бројката на жртви од Ковид-19 надмина 300: Денеска починати има од Скопје, Тетово, Гостивар, Прилеп

Според податоците на Министерството за здравство, во изминативе 24 часа во Македонија од Ковид-19  починале четири лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 56-годишен пациент од Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ почината е 56-годишна пациентка од Скопје.

Во болницата во Гостивар почината е 71-годишна пациентка и во Прилеп пациент на 83 години.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.