Македонија 26. јули 2019. / 22:06

Брнз и Рикер на средба со одметнатите од ВМРО-ДПМНЕ

Брнз и Рикер на средба со одметнатите од ВМРО-ДПМНЕ

Вршителот на должност помошник – државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер попладнево се сретна и со ометнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата на која присуствуваа и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, како и други високи претставници, стана збор за натамошната интеграција во ЕУ и НАТО на државата, а пристапот на опозициската група бил оценет како позитивен за развој на демократијата во земјава.

Како што соопштија одметнатите пратеници, во текот на разговорот биле споделени размислувањата, идеите и конкретните чекори за напредок на државата.