Македонија 20. февруари 2018. / 11:09

Бремени уште две деца од Домот “25. Мај” – едното не сака да абортира

Бремени уште две деца од Домот “25. Мај” – едното не сака да абортира

Уште две малолетни девојчиња од Јавната установа „25 Мај“ се бремени, а едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира, дознава Независен весник.

Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе.

Стевчо Соколовски, директорот на установата каде што се згрижени деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, вчера поднесе оставка од морални причини.