Виолета Спасов Колева до вчера вработена во општина Лозово со стаж од 14 години како раководител на одделот за финансии, која воедно е и бремена е избркана од работа. Нејзината сестра која се обрати до редакцијата на КУРИР за овој случај, вели дека Виолета без никаков основ е оставена на улица, без плата, пари и осигурување, како и без право на трудничко боледување, пренесува порталот КУРИР.
По 14 години работа во општината Лозово, во моментов на чело со градоначалникот Ацо Велковски, Виолета добива отказ, иако по Закон не смеат да одјават од работа бремена жена.
Во Законот за работни односи јасно е наведено дека несоснована причина за отказ е одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање, родителство…
–Ве молам да ни помогнете со ваша објава да се разбудат институциите во државата да се заштитат луѓе, обичните граѓани, да понесат одговорност Ацо Велковски и Петре Цилаков за нанесената штета и неправда- се разбира нашата борба оди понатаму со одлука на Суд – вели низ солзи сестрата на Виолета Спасов Колева за КУРИР.
Проблемите почнуваат со градоначалникот веднаш по неговото превземање на власта поточно од февруари 2018 година, вели Жаклина, сестрата на Виолета. Се водеа три дисциплински постапки, две парични казни, а од сето ова произлегоа и две кривични пријави против градоначалникот Ацо Велковски и секретарот Петре Цилаков. Се водеа тендециозни, фиктивни, наместени и смислени настани проследени со изживувања, притисок, закани и многу други работи, додава таа.
– Виолета беше во изолација 7 месеци сама без компјутер и телефон кој го користеше само за време на пауза, забрана на сите вработени за комуникација со нејзе, во спротивно летаа казни за збор. Виолета изгуби бебе, имаше спонтан абортус заради изживување врз неа од Ацо и Петре, без трошка совест и човечност, истите тие луѓе уживаа во нејзината, нашата болка за бебето, а притоа и нашиот татко е многу болен – рече сестрата на Виолета за КУРИР.
Целиот текст можете да го погледнете ТУКА.