Некатегоризирано 04. април 2020. / 21:30

Брајант, Данкан и Гарнет ќе влезат во Куќата на славните

Брајант, Данкан и Гарнет ќе влезат во Куќата на славните

Легендарните НБА играчи Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет се на официјалниот список на потенцијалните новодојденци во „Куќата на славните“ во 2020 година.

Кошаркарската „Куќа на славните Нејсмит“ официјално го објави списокот на сите финалисти во 2020 година.

Покрај Брајант, Данкан и Гарнет, на листата се и познатата женска кошаркарка во НБА, Тамика Качингс, како и четири познати тренери: Руди Томијанович, Ким Малки, Барбара Стивенс и Еди Сатон.

Брајант постхумно ќе стане член во Домот на славните. Легендарниот кошаркар на Лејкерс почина на 26 јануари во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.