Македонија 10. септември 2018. / 14:12

Бошњаковски: За градоначалникот на Демир Хисар треба да важат законите

Бошњаковски: За градоначалникот на Демир Хисар треба да важат законите

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски во изјава за Лидер вели дека ставот на Владата за скандалот на градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, е идентичен со оној на МВР.

-Република Македонија е правна држава во која институциите работат исклучиво според законските процедури и прописи. Влада на РМ како извршна власт не навлегува во надлежностите на правосудната власт и дејствува исклучиво во насока на почитување на принципот владеење на право.– вели Бошњаковски во изјава за Лидер.

Економски Лидер ја објави снимката каде граданочалникот на Општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат.

Економски Лидер стигна до ексклузивно видео од состанок на Стојановски со вработените кои се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања.

-Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму. – им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето.

Ваквата закана на Стојановски отвора простор за тоа дека МВР незаконски ги прислушува граѓаните, по што би требало да биде отворена истрага од страна на обвинителството.

Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори од редовите на СДСМ. Претходно работел во Министерството за внатрешни работи.