Македонија 23. септември 2020. / 11:13

Бошковски е примен на Инфективна поради влошена состојба со Ковид-19

Бошковски е примен на Инфективна поради влошена состојба со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, синоќа бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со Ковид-19, објави press24.

Бошкоски пред неколку дена потврди дека е позитивен на вирусот, и се наоѓа во самоизолација во Челопек, и дека нема симптоми. Меѓутоа ситуацијата се влошила, и тој итно синоќа бил примен на Инфективна.

Засега нема официјални информации околу неговата здравствена состојба.