Македонија 15. октомври 2019. / 22:49

Борјан Јовановски ги посоветува француските дипломати

Борјан Јовановски ги посоветува француските дипломати

По донесувањето одлука Македонија и Албанија да не добијат датум за преговори новинарот Борјан Јовановски, кој важи за близок со актуелната власт во Македонија, преку Твитер на француски јазик испрати совет до француската дипломатија.

Јовановски ги посоветува француските дипломати добро да размислат кога носат одлуки за чувствител и прашања на Балканот.

– Француската дипломатија мора да биде свесна за грешките направени за време на кризата во поранешна Југославија при донесување на одлуки за чувствителни прашања на Балканот напиша Јовановски.