Македонија 02. декември 2020. / 21:35

Борис Џонсон ќе се вакцинира пред камери?

Борис Џонсон ќе се вакцинира пред камери?

Британскиот премиер Борис Џонсон би можел да се согласи да се вакцинира против Ковид-19 пред телевизски камери, за да докаже дека е ефикасна, изјави денеска портпаролката на Џонсон.

Таа додаде дека Џонсон сигурно не би сакал да ја прима вакцината пред оние на кои им е потребна и кои спаѓаат во ризични категории.

Џонсон претходно беше хоспитализиран откако се зарази со Ковид-19.

Вакцинирањето во Велика Британија ќе биде на доброволна основа, а анкетите покажуваат дека 20 отсто од Британците се сомневаат во безбедноста на вакцината.