Македонија 15. јуни 2020. / 19:45

Борел го поздрави договорот за одржување на парламентарните избори на 15 јули

Борел го поздрави договорот за одржување на парламентарните избори на 15 јули

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеп Борел денеска го поздрави постигнатиот дговор за одржување на предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Го поздравувам договорот постигнат меѓу политичките партии во Македонија за одржување на парламентарните избори на 15 јули. Се надевам на кредибилни избори и дека земјата ќе продолжи да се движи напред по европскиот пат, објави на Твитер Борел.