Македонија 18. декември 2019. / 15:03

Бомба кашикара била ставена под возилото на сопственик на два ноќни клуба

Бомба кашикара била ставена под возилото на сопственик на два ноќни клуба

Бомбата која утрово ги евакуираше средношколиците од средното уметничко училиште била ставена под возилото кое е сопственост на газда на два ноќни клуба во Скопје, пишува Фокус.

Според неофицијални информации на Фокус, „бомбата“ била кашикара и била ставена под автомобил марка „порше“, кој бил во негова сопственост.

Според сознанија на Фокус, тој важи за близок до поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој неодамна ја напушти политика и почна да се занимава со угостителство.

Целиот текст на Фокус можете да го прочитате ТУКА.