Македонија 07. октомври 2018. / 16:56

Болните од рак сеуште го чекаат „мој термин“

Болните од рак сеуште го чекаат „мој термин“

Долгото чекање за преглед за рак на дојка и недостигот на соодветен кадар во повеќе медицински центри и здравствени домови е најголемиот проблем со кој во моментов се соочуваат пациентките со малигни заболувања. Зорица Аџиевска која е веќе два пати оперирана, смета дека ваквите пролонгирања на прегледите се одразуваат на навременото лекување и борбата со оваа тешка болест.

Кај добар дел забелешките се имплементираа со конкретни мерки со кои се зголемија и бројот на термините во клиниките и во Клиниката за радилогија каде што се закажуваат снимањата. Морам да потенцирам дека неколку дена беше во прекин работата на компјутерската томографија затоа што во моментов се инсталира нов апарат кој што е значително подобар и со поголем капацитет од стариот. Стариот кој што се деинсталираше ќе го ставиме на ново место и ќе го дуплимареме капацитетот, вели министерот Филипче.

Статистиката вели дека над 1200 жени во Македонија се дијагностицирани со рак на дојка на годишно ниво. Во текот на изминативе 10 години бројот на новозаболени во Македонија е двојно зголемен. Редовните прегледи и раното дијагностицирање го продолжуваат животот на жената и ги намалуваат трошоците за скапото лекување.