Македонија 23. јули 2020. / 12:37

Боки за разговорот со Заев: Ми кажа дека е доста од тоа странски инвеститори да добиваат поволности

Боки за разговорот со Заев: Ми кажа дека е доста од тоа странски инвеститори да добиваат поволности

Во своето излагање на рочиштњто за случајот „Меѓународен сојуз“, обвинетиот Бојан Јовановски објасни дека парите за „1 ТВ“ биле 95 проценти од неговиот татко.

Тој имаше многу земја, но и јас работам од 15 години – објасни Бојан Јовановски за тоа со кои пари била отворена телевизијата.

Јовановски изјави дека е лага оти од парите за изградба на проектот биле давани позајмици за телевизијата и дека тоа ќе го докаже во текот на судењето.

Боки се присети и на средбата што ја имал со тогашниот премиер Зоран Заев и на неговите зборови.

Ми рече дека треба да се мотивираат домашните инвеститори и оти му е доста на странци да им се даваат поволности – ја опиша Боки комуникацијата со Заев.