„Боки види брат за тато, за Систина“. Вака гласела пораката што Дејан Панделевски му ја пратил на 8 јануари 2019 година на Бојан Јовановски во чиј телефон бил мемориран како Дејан Пелистерка. Оваа порака беше денеска презентирана на рочиштето за „Рекет“ . На 4 март Дејан Пелистерка му пратил друга порака со текст „Стигна решението, 500 сега“.
На ова Јовановски враќа „Фала ти, ај види за другите“.
Потоа обвинителката прочита уште една порака во која Панделевски на 6 март му пишува на Боки „Другар сега 500, ме блокира Царина, не можам повеќе“.
Оваа порака како што рече обвинителката била испратена до Јовановски од контакт запишан во телефонот на Боки како Дејан Пелистерка.