За време на судењето за „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски во своето излагање се обрати кон обвинителката Вилма Рускоска.
Боки истакна дека во процесот се делува лично против него посегнувајќи по негови блиски и дека судот има двојни аршини.
Можам да зборувам што сакам, но онака како што решиле на почетокот – така ќе биде. Таргетот сум јас, со цел да ме скршат мене во обвинението е ставен и мојот татко, кој не знаеше ништо за работењето на „Меѓународен сојуз“. Ова е девијантно алкохолизирано обвинение – изјави Боки, алудирајќи на она што претходно го кажа Рускоска дека делувањето на „Сојузот“ е дело на девијантен ум.
На тоа Рускоска одговори дека Боки е обвинет и може да зборува што сака па дури и да изнесува лични навреди.