Абдоменалниот хирург Тони Јосифовски кој го оперирал Бојан Јовановски рече дека пред и после зафатот имал чести средби со него.
На прашање на адвокатот Дукоски дали по операцијата му правел преврски на Боки во домот на Камчев тој одговори потврдно.
-Боки не сакаше да оди во болница. Преврски сум му правел и во неговиот дом, но еднаш и во домот на Камчев-рече хирургот.
Боки го праша дали му донел и торта на што тој рече да, но не и дека бил во друштво на Ана Камчева.