Проектот за изградба на станови не беше никаква измама или криминал туку реален проект. Како може да се помисли дека јас можам да го измам еден Силјан Мицевски – истакна во своите воведните зборови, обвинетиот за случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски.
Како доказ, Јовановски го наведе фактот дека се слушнал со Мицевски на денот кога бил уапсен на граница.
Ми рече Бојанче, бидејќи така ме викаше , среќен пат и убаво да си поминеш – отрки Боки 13.
Јовановски рече дека првата средба со бизнисменот Мицевски ја организирал Александар Кирацовски и оти на 4 јануари бил потпишан меморандум со Општина Битола.