Бојан Јовановски му поставуваше прашања на сведокот Орце Камчев. А последното прашање на Боки 13-ка направи вистински хаос во судницата.
Дали во вашиот дом во ваше присуство сме ја споменувале обвинителката Вилма Русковска и дали се сеќавате за кои околности за што сме спомнувале, во кој контекст, запраша Јовановски.
Судијката повторно го прекина и посочи дека тоа е ирелевантно за случајот.
Дали во вашиот дом се сеќавате кога на гласен тон зборувавте за обвинителката Лиле Стефанова говорејќи со погрдни зборови и пцовски, праша Јовановски.
Судијката повторно го прекина Јовановски и го праша како е тоа релевантно.
Јовановски и посочи на судијката дека ова е важно бидејќи таа го води предметот „Империја“.
– Не се сеќавам, одговори Камчев.
– Поради тоа што не се сеќавате од одземените предмети од мојот дом има едно УСБ кое што барам да биде извештачено, каде што и јас имам аудио, вели Јовановски
Судијката повторно го прекина.
-На кој датум точно го пријавивте случајот рекет, праша Јовановски.
-Не се сеќавам тоа, одговори Камчев.
-Каде кога сум го пријавил, потпраша тој.
-Па на колку места го пријавивте, праша Боки 13.
– Јас го информирав премиерот, а го пријавив мислам дека беше почетокот на мај или април, не можам да кажам точно за да не згрешам, одговори Камчев.