Бојан Јовановски, Боки 13 утре во Основното јавно обвинителство во 9 часот повторно ќе дава исказ во Основното јавно обвинителство, како продолжение за случајот „Рекет“.
За време на пресудата и добивањето на деветте години затвор Боки 13 побара милионските пари од рекетот да се бараат кај браќата Заеви, Вице и Зоран. Но, сега, како сведоци поврзани со случајот се врзуваат и имињата на Радмила Шекеринска, Петре Шилегов, Мила Царовски, Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Наташа Петровска…
Ианку, од страна на бранителот на обвинетите Бојан Јовановски, Христина Блажевска и Миле Јовановски, во случајот „Меѓународен сојуз“ како сведоци веќе се предложени лидерот на СДСМ, неговата сопруга Зорица, неговиот брат Вице и неговиот татко Трајче.