Интересен момент од денешното судење за случајот „Рекет 2“ беше признанието на првообвнетиот Бојан Јовановски поврзано со обвинителката во овој процес Вилма Рускоска.
Според Боки една од причините зошто се приклучува кон барањето за изземање на Рускоска е нејзиното однесување кон останатите обвинети во овој случај.
Рускоска бараше од мене лажно да сведочам како Милевски и да ја обвинам Ременски за вмешаност во овој случај-тврди Јовановски.
Тој имаше расправија со судијката Ефремовска за која бараше да не го прекинува додека зборува.-
Рускоска го застапуваше предметот „Рекет“ тенденциозно и селективно, а со нејзина согласност судот донесе одлука Кичеец да биде пуштен на слобода. Тој е пуштен бидејќи идат избори и заедно со Рускоска треба да местат избори, рече Боки по што судијката го прекина неговиот говор.