– Подготвен сум да зборувам за сите инволвирани и ќе поднесам кривични пријави за сите инволвирани, за организаторите, помагачите и тоа по неколку основи, изјави Бојан Јовановски – Боки 13 за време на првото рочиште на судењето за случајот „Рекет“.
Јовановски пред судот посочи дека значителни докази се кријат во камерата одземена од кај неговите родители.
– Форензичкото вештачење на камерата што е одземена од кај моите родители ќе покаже и докаже кој и каде заминал со торбата со пари. Само да сум жив и здрав и од оваа уста ќе излегува само вистина, порача Боки 13.