Изземање на судија е дозволено и јас тоа го барам рече Бојан Јовановски на денешното рочиште на случајот Меѓународен сојуз.
-Овој судија не може да биде непристрасен при носењето одлука бидејќи веќе има оформено мислење од претходниот предмет. Имавте дискриминаторски однос кон мене и за тоа дека моите ми носат гардероба од дома. Јас и денеска сум добро дотеран, рече Јовановски.
Тој ја обвини судијката Софче Гаврилова дека носи одоворност затоа што го држела во ефективен притвор и покрај лошата здравствена состојба.
-Ова е цензурирање, ја обвини Боки судијата кога таа му се обрати со повишен тон.
Тој рече и дека самата судијка веќе имала формирано мислење за него и дека мора да биде изземена.