Перници Зебрано, лустер, огледало, телевизор со заоблен екран, уметнички слики од Мартиновски и Личеновски, гарнитура, ламба … одзело Обвинителството од домот на Бојан Јовановски.
Од гардероба, пак, се одземени 77 пара пантолони, 15 пара папучи, 50 капути, 30 тренерки, 15 каиши, 50 кошули.
Јовановски и неговиот адвокат бараа облеката да се донесе како доказ на суд, но судијката тоа не го дозволи.
– Оставен сум без парче гардероба и тоа е преседан – рече Боки.