На рочиштето за случајот „Рекет“ Обвинителството читаше комуникација на српски јазик помеѓу Бојан Јовановски и извесен Петар.
Тие разговараат за часовник „Ролекс Дејтона“ што Бојан сакал да го купи. Во пораките тие разменуваат мислење дали е тоа вистинскиот часовник што го бара како и за сумата колку би чинел.
Во една од пораките како цена пишувало 74.500.
Потоа, Петар го прашува дали треба да се изгравира нешто на часовникот, а Боки му враќа дека треба да стојат иницијали З.М.