Македонија 10. февруари 2021. / 12:50

Боки 13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ?

Боки 13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ?

Како што се шпекулира Боки 13 планира да се кандидира за претседател на СДСМ, а мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на оваа партија е „Декриминализација на СДСМ“, пренесува Плусинфо.

Бојан Јовановски познат како Боки-13 ќе се кандидира за претседател на СДСМ на претстојниот Конгрес кој треба да се одржи на 21 март, дознаваме неофицијално.

Како што се шпекулира, мотото на кампањата што ќе ја води Боки-13 за иден лидер на СДСМ е „Декриминализација на СДСМ“.

Актуелното водство на СДСМ донесе одлука да одржи конгрес на 21-ви март, на кој непосредно ќе се гласа за нов лидер и за негови соработници. Во рамки на подготовките на конгресот, социјалдемократите почнаа процес на ажурирање на членството.

Боки-13 е осуден на 9 години затвор во случајот „Рекет“. Тој беше пуштен во домашен притвор поради здравствени проблеми.