Македонија 22. јули 2019. / 11:27

Боки 13 и Кирацовски имале средби во Собрание

Боки 13 и Кирацовски имале средби во Собрание

Бојан Јовановски, Бокиn 13, во периодот од јуни до ноември 2018 година во македонскиото Собрание имал најмалку три работни средби со пратеникот Александар Кирацовски, тогашен генерален секретар на СДСМ, јавува Магазин.мк. Средбите се случувале во текот на работното време во канцеларијата на пратеникот Кирацовски и траеле по околу час и половина.

На две од тие средби присуствувала и пратеничката Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на Собранието од редовите на СДСМ. Посетите во Собранието на Македонија од страна на Боки 13 биле уредно заведени од собраниското обезбедување кое, според пропишаните процедури, во регистарот на посетители го запишувало неговото име и презиме, и време на влегување, за што задолжително се води евиденција при самиот влез.

За сега не е познато кои биле темите на разговор при овие средби на Боки 13 и пратеникот Кирацовски во Собранието.

Овие информации за Магазин ги дојавил службеник вработен во Собранието, кој инсистирал на анонимност, но уверува дека ваквите средби можат со сигурност да се потврдат со увид во собранискиот регистар на посетители, како и преку снимките на безбедносните камери.