Македонија 23. јули 2020. / 11:43

Боки 13: Ги поддржував СДСМ и Шарената револуција

Боки 13: Ги поддржував СДСМ и Шарената револуција

На рочиштето за слуќајот „Меѓународен сојуз“, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, изјави дека „Меѓународниот сојуз“ бил невладина, а не хуманитарна организација под капата на Европската Унија.

Јовановски истакна дека останатите обвинети се обвинети за да се изврши притисок врз него. Тој додаде дека во тоа време бил симпатизер на СДСМ и на Шарената револуција

Судијката го опомена Јовановски да не зборува повеќе од 30 минути, додека, пак, Боки изјави оти смета дека ова судење е забава за народот и праша каде е обвинителката Вилма Рускоска.

Ќе речете дека има обвинител со полномошно, но тоа е исто како јас да го пратам затворскиот цимер – и се обрати Боки на судијката Софче Ефремова Гаврилова.