Осомничениот Бојан Јовановски во истрагата „Рекет” кој требаше да даде исказ кај обвинителката Вилма Русковска, го изнесоа од гаражата на Обвинителството и го внесоа во возило на брзата помош.
Медицинската екипа стигна во 12.30 часот, односно дваесетина минути откако Јовановски го внесоа во Обвинителството.
По 30-ина минути го симнаа по скалите во количка и го внесоа во возилото. Јовановски попладнево требаше да даде исказ како осомничен во истрагата „Рекет”, но засега нема информација дали воопшто дал исказ.