Средношколците ширум Македонија ја бојкотираат наставата бидејќи не се согласуваат со одлуката на Министерството за образование и наука дека државната матура треба да се полага по секоја цена.
Средношколците реагираат дека не добиваат квалитетно образование преку онлајн наставата и дека не може да се полага под овие услови.
Од здружението „Средношколски глас“ порачаа дека бојкотот ќе продолжи и следните денови.
– Бојкотот на наставата продолжува и следните денови почнувајќи од 14.12.2020. Ве повикуваме сите средношколци да се избориме заедно и да кажеме НЕ за државна матура 2020/21!, порачуваат тие.
Бојкотот на наставата продолжува и следните денови почнувајќи од утре односно 14.12.2020. Ве повикуваме сите средношколци да се избориме заедно и да кажеме НЕ за државна матура 2020/21!
Posted by Средношколски Глас on Sunday, December 13, 2020