Македонија 08. септември 2018. / 20:02

#Бојкотирам почна со прославата за Денот на независноста пред македонското Собрание

#Бојкотирам почна со прославата за Денот на независноста пред македонското Собрание

По пикникот во Градскиот парк, мрежата #Бојкотирам ја почна прослава за Денот на независноста пред македонското Собрание, под името „Среќен роденден Македонијо – Бојкотирам за да не е последен“. Голем број на граѓани се собираат, а веќе се разви и големото македонско знаме.

Пораки против референдумот ќе упатат Џејсон Мико, македонски сенатор во американскиот Сенат, Ефтим Клетников, претседател на Македонски манифест и претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

Денеска од пред Собранието, претставници на граѓански здруженија се обратија до пратениците во Собранието, Владата и меѓународната заедница. Тие побараа неотповитлива оставка од пратениците и Владата во рок од 48 часа. Во спротивно, претставниците на граѓанските здруженија најавуваат радикализирање на своите активносто, односно блокирање на патишта и граѓанска непослушност.

Од 17 часот до 18 и 30 тие ќе организираат пикник во Градскиот парк кај Школка, а потоа од 19 часот прославата ќе продолжи повторно пред Собранието, каде што е предвидена културно-уметничка програма.