Македонија 16. октомври 2018. / 11:28

Бојаџи: Ми нудеа светла иднина ако се повлечам и извинам за мојот филм „Ругање со Христос”

Бојаџи: Ми нудеа светла иднина ако се повлечам и извинам за мојот филм „Ругање со Христос”

Режисерот Јани Бојаџи, во интервју за Магазин.мк отворено призна дека му понудиле светла иднина доколку се извини и направи промена на филмот „Ругање со Христос”.

Режисерот изјави дека примамливата понуда веднаш ја одбил.

-Не знам што сметале тие, ама сега е јасно дека есапот од дома на пазар не им излезе баш точен! Јас решив да не молчам. И покрај добрите понуди кои ги добив доколку неколку работи поправам, скратам, придотерам. Доколку се повлечам и извинам, ми понудија светла иднина и подршка за овој и сите други идни проекти!

Бојаџи во интервјуто кажа и дека неговиот татко на деното на апсењето му порачал да не ја откажува премиерта на филмот.

-‘Немој случајно вечер да нема премиера! Арам да ти е ако го направиш тоа заради мене!’ Ете ова беа зборовите на татко ми пред да замине на распит во Скопје. Во такви моменти не ви се важни никакви филмови. Важен ви е само родителот. Но татко ми не ми остави право на избор. Беше сосема јасен. А тие што го познаваат знаат дека од кажаното не отстапува па ‘мајка Јана’. Јас ви кажав дека тие сега се влезени во втората фаза на кампањата која според добрите фашистички практики сега се префрлаат врз мене и моето семејство. За среќа најголем артефакт кај мене дома е мојот татко кој ми е пример за се во животот. Верувам дека ова епизода во неговиот живот скоро ќе биде заборавена а е предмет на неговата наивност која ја злоупотребил еден човек со презиме Босиљанов кој е познат како верен и истакнат јуришник на партијата СДСМ од Струмица! Го кажувам ова за да знаат дека знам точно што прават и дека нема да дозволам на мојот татко да му недостига едно влакно од главата, рече Бојаџи.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.