Македонија 02. февруари 2019. / 12:15

Богоевски: Исполнети се условите за одземање на имунитетот на Димовски

Богоевски: Исполнети се условите за одземање на имунитетот на Димовски

Претседателот на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски смета дека условите за одземање на имунитетот на Димовски се исполнети, и истиот треба да му биде одземен, а потоа да одлучува Судот.

-Не го ставаме ние колегата во притвор, туку дозволуваме судот да одлучи дали се исполнети условите за мерката притвор. Да го оставиме судот да си ја остави работа. Ние сме тука да ги разгледаме дали се исполнети условите за одземање на имунитетот. Моето мислење како пратеник е дека условите се исполнети, имунитетот треба да биде одземен и судот треба да одлучува- рече Богоевски.