Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, тврди дека не отуѓил ниту една парцела за идеите на осомничениот во аферата „Рекет“, Бојан Јовановски Боки 13. Засега јавноста единствено потписот на Богоев го виде на меморандумот за соработка со невладината на Боки 13, објави Телма.
–Ништо нема апсолутно, ниту предлог, ниту парцела има, ниту детален план, нема ниту иницијатива за промена на ДУП, буквално ништо, не постои таква работа во општината – вели Богоев за „Телма“.
Телевизија јавува и дека им се губи трага на 233.000 илјади евра кои компанијата ДРИМ БИЛДИНГ Струга ги префрлила на потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ, преку авторски договор.
Мандиќ е недостапна, а последната информација е дека фирмата од Струга заради неисполените обврски во договорот ги побарала назад 350 илјади евра со се пресметени казнени пенали.
Боки 13, Мандиќ, авторката на идејата за европски дом за возрасни лица се обврзале дека овие пари ќе ги наменат за изградба на третиот во низа планиран старечки дом во општина Карпош.
Ваков дом не е изграден, иако во договорот невладината на Боки 13 ветила дека ќе обезбеди локација.
Градоначалникот на општина Кaрпош, пак, тврди дека не оттуѓил ниту една парцела за идеите на Боки 13.
Засега јавноста едиснтвено потписот на Богоев го виде на меморандумот за сорабтока со невладината на Боки 13, сличен докумнт кој го потпишал и министерот за транспорт Горан Сугаервски.
Пензионерка чијашто идеја Боки 13 ја нудел, вели дека е ограбена и измамена, бидејќи 750-те илјади евра од авторскиот договор веднаш и ги зеле луѓе од сојузот на Боки 13.
По само 3 месеци откако Бојан Јовановски и Јасна Мандиќ ќе соберат 1,000, 000 милион евра од бизнисмени, во април 2018 година ќе најават дека отвораат нова телевизија под нивна раководна палка.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.