Македонија 21. ноември 2018. / 12:30

Богоев на својот другар му продал државно Ауди Q7, по багателна цена!

Богоев на својот другар му продал државно Ауди Q7, по багателна цена!

Владимир Николовси близок до СДСМ и другар на градоначалникот Стефан Богоев е новиот сопственик на џипот Ауди Q7 кој претходно беше во сопственост на општина Карпош, објави Свест.мк.

Возилото кое е произведено во 2011 година имало поминато околу 150.000 километри, било редовно сервисирано согласно сервисниот календар, е со „фул“ опрема, дизел е продадено за 14 илјади евра.

Процедурата за продажба на возилото била спроведена по трет пат, а на лицитацијата не биле повикани останати наддавачи за да се крене цената на возилото, па така како единствен се јавил Николовски, кој за 890.000 денари го купил џипот.