Македонија 31. јануари 2020. / 14:07

Богдановски за предметот „Насилство во Центар“: Не кршев и не удрив никого

Богдановски за предметот „Насилство во Центар“: Не кршев и не удрив никого

Обвинетиот Борче Богдановски на денешното рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“ побара од судот да биде повикан владиката Агатангел, како и двајцата кои ја признаа вината за да кажат дека не ги познавал пред почетокот на протестите, пишува Република.

Богдановски рече дека кога пристигнале пред црквата владиката ги повикал да се упатат кон Општината. Таму вратите биле отворени и имало луѓе во дворот меѓу кои и адвокатот Мирослав Вујиќ, кој им упатил погрдни зборови.

Не кршев ограда ниту прозор ниту физички сум посегнал кон некое лице. Отидов мирно да протестирам. И сега да повика скопската епархија – ќе излезам, рече Богдановски.