Претседателот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи за Студио 10 на ТВ24, повтори дека матурантите го прекинаа бојкотот на наставата по средбата со пратениците, но посочи дека бараат пратениците да најдат решение за нивното барање.
„Уживаме поддршка од 70 пратеници, за да не губиме од наставата одлучивме да се вратиме на настава. Лобиравме да се стави на дневен ред предлог законот за изменување на Законот за државна матура. Денеска ќе имаме средба и со премиерот Заев. Секоја партија ќе се труди да ги партизира нашите барања, но нема да дозволиме партизација, со нашиот Сојуз од 2017 година се трудиме да е далеку од политиката, сакаме само да се бориме за поквалитетен образовен систем. Бараме само од пратениците да најдат решение за тема која засега над 18.000 матуранти“, вели Ходаи.