Македонија 20. October 2018. / 14:29

Бјорнстад по гласањето: Разбирам дека емоционално е многу тешка промената на името

Бјорнстад по гласањето: Разбирам дека емоционално е многу тешка промената на името

Тешко е да се прифати промена на името, тоа е прашање со голема емоционална тежина, но тешко е и да се биде на алтернативен пат за членство во ЕУ и во НАТО, додека Грција како членка го условува влезот на Македонија, порача амбасадорот на Норвешка, Арне Санес Бјорнстад.

Македонија мораше да избере за нешто што e емоционално многу тешко. Навистина разбирам дека е тешко да се прифати промена на името на својата земја. Но тешко е и да бидете на алтернативен пат кон членството во НАТО и во ЕУ додека Грција како членка ве условува со решавање на спорот за името. Верувам дека сите ги избираат евроатлантските интеграции, но секако тоа е одлука што треба да ја донесат граѓаните и граѓанките на Македонија, како и претставниците на власта, рече амбасадарот во интервју за МИА.