Бизнисменот Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим Билдинг“, утринава пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција, за да даде исказ за случајот „Рекет“, пишува Фокус.
Како што е познато, Амзоски на Мемународниот сојуз на Боки 13 му исплатил 261.853 евра.
Во истрагата за „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.