Роднини на поголем дел од советниците од листата на СДСМ си обезбедиле работни позиции или во општината или во институциите под нејзина надлежност, објави телевизијата 24.
Од брачни партнери, сестри и браќа, ќерќи и синови, снаи и зетови, внуци се дел од луѓето кои се сместиле во локалните фотелји покрај своите советници во општината.
Претседател на Советот на општина Битола е Валентин Груевски, кој е вработен во ЈП „Пазари“-Битола. Неговито прв братучед, Бобо Груевски по промената на власта станува советник за култура во општината. Но, Валентин Груиевски тврди дека неговата работа е волонтерска – а за вработувањето на неговиот братучед вели дека не влијаел.
– Слободно може антикорупциска да истражува ако мисли дека има непотизам. Не сум имал никакво влијание. Грешката е што околу 160 вработени, еден ми е роднина. – изјави Валентин Груевски – претседател на Советот на општина Битола.
Дека нема непотизам или влијание се правда и советникот од СДСМ, Методија Илиевски, кој истовремено е и подрачен министер за земјоделство, а неговиот брат Михајло Илиевски добил работа во Агенцијата за развој на земјоделството.
– Не сум ја искористил позицијата за да го вработам мојот брат, бидејќи повеќе од шест месеци пред јас да се вработам, тој веќе се наоѓаше на позицијата на која е. – изјави Методија Илиевски – подрачен министер за земјоделие, Битола
Откако Татјана Крнцева, станува советник во општина Битола од редовите на СДСМ, нејзиниот брат Ѓорѓи, добива работа во битолскит театар. Но Крнцева, како и остатантите советници вели дека не влијаела.
– Точно е дека брат ми е вработен вод минатата година, но од позиција на советник и функционер од раководството на СДСМ во Битола, не сум влијаела на тоа тоа вработување, ниту сум прекршила некоја законска рамка. – изјави Татјана Крнцева – советничка во Совето на Општина Битола.
Уште една советничка од СДСМ во општина Битола, Емилија Костурски, која е назначена и за заменик градоначалничка, во исто време е и заменик директорка во медицинското училиште, каде е и професорка, за вработувањето на нејзиниот сопруг Владимир директно во општината и тоа како помошник раководител во секторот за локален економски развој тврди дека единствено неговите квалификации биле пресудни за добивањѕо на работата по смената на власта.
– Во моментот е вработен на 12 месеци определено работно време во општината како помошник раководител на сектор за локален и економски развој и информатика. На конкурс е вработен и ги отфрлам сите гласини дека јас сум помогнала при неговото вработување. – изјави Емилија Костурски – заменик градоначалничка во Општина Битола.
Советникот Славе Најдовски одби да одговори дали влијаел неговиот брат Слободан Најдовски да стане секретар на општината, а неговата снаа добила работа како директорка во Заводот за рехабилитација на деца со штетен слух и говор, додека синот се вработил во Царинската управа. За сите овие вработувања роднините на советниците на СДСМ од општина Битола, Ја прашавме и градоначалничката Наташа Петровска – но таа ги повика надлежните институции ако има прекршпувања на постапклите да реагираат. При тоа, за вработувањето на нејзиниот брат како професор по математика во едно од битолските училишта тврди дека е направено согласно конкурсот.
– Јас не можам да увид на се и повикувам доколку постои за такво нешто, институциите да си ги проследат случајот и да го санкционираат. – изјави Наташа Петровска – градоначалничка на општина Битола.
Сите вработувања на блиските роднини на советниците започнале да се реализираат кога и се случи промена на власта во 2017та година, а најголемиот бран на вработувања се случил во 2018та година.