Македонија 10. ноември 2020. / 19:45

Внимавајте: Лажни инкасатори влегуваат во куќи со изговор да ја видат состојбата на струјата

Внимавајте: Лажни инкасатори влегуваат во куќи со изговор да ја видат состојбата на струјата

Лажни инкасатори влегоа во куќа во Битола со цел да ја прочитаат состојбата на струјата.

Двајца мажи, облечени во униформи од ЕВН побарале од пензионерка да ја видат состојбата на струјата. Пензионерката ги внела во куќата, а тие само погледнале и ништо не запишале.

При самиот влез лажните инкасатори побарале лице кое што живее во куќата, но не е сопственик, па така сметките не се водат на негово име. Кога заминале, пензионерката се распрашала дали истите лица ги посетиле соседите, но тоа не се случило.

Една соседка ги видела лицата и ги прашала дали треба да го прочитаат саатот за струја, но тие негирале.

Дополнително јавено е во ЕВН за да потврдат дали испратиле инкасатори, но од таму негирале. Случајот денеска е пријавен во полиција.

Досега, нема пријавено измама од страна на граѓани.