Маж на возраст од 85 години, штитеник од Домот за стари лица во Битола и првиот хоспитализиран пациент позитивен на Ковид -19 во овој град, е меѓу излекуваните од коронавирусот, објави телевизија Канал5.
Битолчанецот по 20 дена лекување, целосно закрепнат и со два негативни тестови вчера бил испратен на домашна нега, вели директорката на болницата во Битола, Билјана Гагачовска.
Таа вели дека успешната борба се должи и на тоа што навремено се реагирало.